November 19, 2019 12:23
Свет

Австриската СПО е во големи долгови по поразот на изборите

Австриската Социјалдемократска партија (СПО), по големите загуби на гласови на предвремените парламентарни избори се наоѓа во незавидна финансиска ситуација поради што ќе мора да го намали бројот на вработени.

Виенскиот дневен весник „Естерајх”, повикувајќи се на член на партијата, пренесува дека „ситуацијата во СПО е драматична”.

Долговите на СПО во јуни изнесуваа 12 милиони евра, а по предизборната кампања за предвремените парламентарни избори долгот нараснал на околу 20 милиони евра.

Покрај исторски најлошиот изборен резултат, бидејќи СПО освои само 21 отсто од гласовите, партијата сега ќе може да смета и на далеку помали дотации од државата. Конкретно, СПО од државата сега како дотации ќе добива 2,5 милиона евра помалку.

Генералниот секртар на СПО, Кристијан Дојч, ќе мора да спроведе тешки мерки за реструктуирање, тврди весникот „Естерајх”, што ќе значи отпуштања на вработени.

Отпуштањата ќе ја погодат централата на партијата, но, исто така, и пратеничкиот клуб. На седницата на Претседателството на СПО станало збор и за трошоците за советникот на лидерот на партијата Памела Ренди Ванџе, кој од партиската каса месечно добива 24.0000 евра.

Нови вести

Ердоган му рекол на Трамп дека Турција нема да се откаже од „С-400“

zane

Помпео: Владата на Хонг Конг е должна да го врати мирот на граѓаните

zane

Уапсен маж осомничен дека планирал напад во Германија

zane