August 7, 2020 17:47
Свет

Австриец казнет зошто пукал кон крадци во неговиот дом

Австриец кој во својот дом затекнал двајца провалници и пукал кон нив, ќе мора на едниот да му исплати обештетување.

Сопственикот на куќата, 67-годишник од местото Санкт Валентин во февруари ги изненадил провалниците во неговиот дом, но морал да одговора пред суд затоа што пукал кон нив.

Тој погодил еден од разбојниците, 47-годишен Хрват, кој се обидел да избега.

Сопственикот на домот пукал двапати и еден куршум завршил во ногата на Хрватот, кој успеал да избега со соучесникот.

Сепак, на блиската бензинска пумпа, непознатиот крадец го оставил ранетиот соучесник, кого го пронашле случајни минувачи.

Судот го осудил сопственикот на домот на осум месеци условна казна за нанесување телесни повреди и со парична казна од 3.600 евра.

Поточно, било откриено дека тој незаконски поседувал оружје.

Исто така Австриецот на повредениот крадец ќе треба да му исплати 2.100 евра како компензацијата за претрпената болка.

Судијата ја оправдал својата пресуда велејќи дека не е самоодбрана кога се стрела кон лица кои бегаат.