Магазин Спорт

Австралија ја прошири истрагата, Ѓоковиќ може да заврши во затвор

Австралиската влада ја прошири истрагата против Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер синоќа преку подолга објава на „Инстаграм“ призна дека заразен се движел во јавност.

Австралискиот портал The Age објави дека службеници од имиграцискиот оддел ги разгледуваат постапките како прекршувањето на изолацијата од страна на Ѓоковиќ во Србија, неточните информации за патувањата што им ги дал на полицајците по пристигнувањето во Австралија и неусогласеноста на датумот со тестот за Ковид. Поради сето ова, а особено поради лажењето во врска со претходни патувања, на најдобриот тенисер му се заканува затворска казна до пет години.

Министерот за имиграција, Алекс Хок и натаму не донел одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ, а откако беше објавено дека тој заразен се шетал меѓу луѓе, Хок ја одложи својата одлука. Тој има право да му ја одземе визата на Ѓоковиќ, што судот му ја одобри. Министерот може да го направи тоа врз онова на фактот што Ѓоковиќ лажел дека никаде не патувал 14 дена пред да пристигне во Австралија, а бил во Шпанија.

Освен тоа, Хок може да го депортира Ѓоковиќ врз основа на правило што во австралискиот закон се нарекува „сопствена проценка на личноста“.

Одлуката требаше да биде донесена денеска, но се одложи откако адвокатите на Ѓоковиќ изнесоа нови докази.

Други членови на австралиската влада сметаат дека целиот циркус трае предолго и дека Хок треба да одлучи што е можно поскоро, но изворите на The Age тврдат дека за тоа ќе бидат потребни уште неколку дена.

Тоа значи дека се уште не е јасно дали Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“, кој стартува во понеделник. Првиот меч треба да го одигра во понеделник или вторник.

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

GoGoAnime Pokémon Journeys: The Series

anime websites TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

watch anime free Kiss x Sis (TV)

GoGoAnime The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat