September 23, 2019 18:10
Спорт

Австралија ја победи Литванија и го освои првото место во групата „Х”

Австралискиот тим забележа трета последователна победа на Светското во Кина, откако ја победи Литванија 87:82 (27:19; 25:22; 16:19; 19:22) во директен судир за првото место во групата „Х”.

Пети Милс беше најпрецизен за победниците – 23 поени, додека Арон Бејнс забележа „дабл-дабл” – 21 поен и 13 скока.

Мариус Григонис постигна 19 поени за Литванците, а Лукас Лекавичиус и Домантас Сабонис додадоа 15 и 12 поени соодветно.

Австралијците подобро се држеа на теренот во текот на првите два дела од натпреварот и заслужено се повлекоа на паузата со водство од 11 поени – 52:41.

Во второто полувреме, литванските кошаркари се засилија во обид да постигнат пресврт, неколку пати беа исклучително близу откако успеаја да стигнат на минус три поени, но нивната сила не стигна за повеќе и Австралија забележа важна победа.

Нови вести

Влезниците за фудбалскиот меч со Словенија во продажба по цена од 50 до 200 денари

Igor

Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

zane

Берлускони: Милан ме разочара

Valentina