September 23, 2019 09:42
Спорт

Австралија со историско прво полуфинале на СП во кошарка

Австралија за прв пат во својата историја ќе игра полуфинале на Светското првенство во кошарка.

Кошаркарите на Андреј Леманис ставија крај на приказната на дебитантот на Мундијалот, Чешка, победувајќи ги со 82:70 (17:17, 16:13, 30:18, 19:22) во последниот четвртфинален натпревар на турнирот во Кина.

Милс со 24 поени и 6 асистенции, како и Крис Гулдинг со 14, беа двајцата најдобри стрелци кај Австралија, додека Патрик Ауда постигна 21 за Чешка, а Томас Саторански остана на скок од „трипл-дабл” – 13 поени, 13 асистенции и 9 скокови.

Во полуфиналето Австралија излегува против Шпанија.

Нови вести

Клоп: Ги заслуживме трите бода од дуелот со Челзи

Igor

Јунајтед сака разговори со Погба за нов договор

Igor

Вардар победник, Дибиров со критика до публиката

Filip