November 23, 2020 20:46
Свет

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули.

Дан Ендрјус, премиерот на државата Викторија, која беше најтешко погодена од коронавирусот во земјата, рече дека стручниот совет одлучил случајот да се обележи како повторна инфекција, а не како остатоци од вирусот од јули.

Тој рече дека таквата класификација се должи повеќе на голема претпазливост отколку на потврдени докази. Ендрјус додаде дека очекува да се изврши дополнително тестирање на тој случај со цел да се постигнат конечните резултати.

Мелбурн е во карантин од почетокот на јули, но ограничувањата во тој град, втор по големина во Австралија, се намалуваат оваа недела, бидејќи се намали дневниот број на новозаразени.

Денес во државата Викторија се пријавени три нови случаи на инфекција со коронавирус. Вториот бран на инфекција беше на врвот во таа земја на почетокот на август, кога бројот на новозаразени лица достигна 725 на ден.