June 26, 2022 03:34
Спорт

Австралија прави риалити шоу од пресудата за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ се уште е во своевиден притвор во Мелбурн, додека ја чека одлуката за жалбата за депортацијата од Австралија, а тамошните власти го прават целиот случај риалити шоу.

Судијата Ентони Кели ќе го сослуша најдобриот тенисер во светот на 10 јануари, во 10 часот по локално време, ноќта меѓу недела и понеделник по средноевропско време, по што ќе одлучи дали ќе му даде виза за престој во Австралија или не.

Според австралиските медиуми, секој кој сака да ја набљудува процедурата ќе може виртуелно да присуствува на судењето на Ѓоковиќ .

Судиите обично имаат дискреција за тоа кој може да присуствува на судењето, а кој не, а со цел да се зачува целосната транспарентност, судијата Ентони Кели дозволи целото рочиште да биде достапно за јавноста.

„Оваа постапка ќе биде водена од технологијата за далечински пристап и ќе може да ја следи секој член на јавноста“, се вели во соопштението.