January 22, 2021 18:52
Спорт

Австралија опен со строги здравствено-безбедносни протоколи би почнал на 8 февруари

Првиот тениски гренд-слем турнир во сезоната, Австралија опен, ќе почне подоцна од вообичаениот термин. Наместо на 18.јануари, турнирот ќе започне на 8.февруари, тврди „Лекип“. Овој извор открива дека за учесниците се подготвени строги протоколи на кои ќе мора да се придржуваат.

„Лекип“, објави дека предлогот на владата на Австралија, за одржување на турнирот, ги содржи следните точки:

1. Пристигнувањето на учесниците од 15. до 17.јануари
2. Престој во „меурот“, за сите ќе важи до 31.јануари
3. Никој надвор од својата соба не смее да биде повеќе од пет часа. Тоа време би било ограничено на тренинзите и останатите активности за подготовки
4. Во Мелбурн парк, само едно лице ќе може да биде во придружба на тенисер или тенисерка
5. Доколку се формираат парови за тренинг, тие ќе може да тренираат само еден со друг додека тра 14-дневниот карантин

6. Ако се појави позитивен корона-тест, тогаш лицето задолжително ќе мине две недели во самоизолација
7. ПЦР тестови ќе се прават на првиот, третиот, десеттиот и 14 ден од карантинот.

Кога задолжителниот карантин ќе заврши, на играчите ќе им биде дозволено слободно да се движат низ Мелбурн.

My Hero Academia (Dub) (https://animeflix.nl/m/n5Wk) Episode 13 at ANIMEFLIX animeflix darling in the franxx

My Hero Academia 2 (https://crunchyrollfree.com/m/djYk) Episode 25 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free iwatobi swim club