April 15, 2021 09:39
Свет

Австралискиот Парламент изгласа измени на спорниот закон за медиумите и дигиталните платформи

Парламентот на Австралија изгласа измените на спорниот закон според кој дигиталните платфоми треба да им плаќа на медиумите за пренесување на нивната содржина.

Австалиската Влада претходно предложи четири амандмани на спорниот закон.

Фејсбук минатата недела ги блокираше сите содржини со вести и неколку профили на австралиската Влада и на Министерството за вонредни ситуации.

Но, по преговорите меѓу австралискиот министер за финансии Џорџ министерот Фриденберг и извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг е постигнат договор со соодветни отстапки.