June 17, 2019 17:09
Свет

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс, во потрагата по материјал кој би можел да помогне во истрагата околу масакрот во кој беа убиени 50 луѓе, кој го изврши австралискиот екстремист Брентон Тарант.

Екипа за борба против тероризам влезе во куќата на сестрата на Тарант, во градот Сенди Бич, северно од Сиднеј. Потоа бил извршен претрес и во куќата на мајката на убиецот, која се наоѓа во Лоренс, еден час возење од куќата на сестрата.

„Примарна цел беше пронаоѓање материјал кој би можел да ѝ помогне на полицијата на Нов Зеланд во истрагата“соопшти австралиската Федерална полиција.

Како што се наведува, во истрагата активно помага и семејството на напаѓачот.
Тарант, 28-годишен поранешен фитнес инструктор и самопрогласен фашист, во саботата судот го осуди за убиство.

Нови вести

Директорот на „Хуавеи” ја спореди компанијата со силно оштетен авион

Filip

Во Иран уапсени неколку агенти на ЦИА

Igor

Лори Лов: Шансите Асанж да добие фер судење во САД се рами на нула

zane