Авион на Кроација ерлајнс кој во средата вечерта од Загреб слетал на пистата на Меѓународниот аеродром во Сараево, има оштетувања за кои се претпоставува дека настанале од огнено оружје.
По примените информации дека со редовната контрола на авионот на аеродромот Сараево, кој стигнал од Загреб, на трупот на леталото било забележано оштетување за кои постои можност да е нанесено со куршум од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина побарал спроведување увид со присуство на Дирекцијата на цивилното воздухопловство на БиХ.
Дежурниот обвинител ќе биде на терен на местото на увидот и ќе раководи со активностите.
Забележаното оштетување на никој начин не ја загрозило безбедноста на летот и патниците, а со деталниот преглед ќе се утврдат начинот на оштетувањето, како и безбедноста на авионот за понатамошни летови, соопштило обвинителството.