November 16, 2019 01:10
Свет

Авион на „Ер Канада” принудно слета поради силни турбуленции

Авион на „Ер Канада”, поради силни турбуленции, принудно слета на Хаваи, при што 35 лица се повредени.

Како што соопшти компанијата, авионот летал кон Австралија, но бил принуден да слета поради „непредвидени и изненадни турбуленции”.

– Според сегашните информации, 35 лица се полесно повредени, изјави портпаролката на компанијата.

Турбуленциите, како што изјави, пак, портпаролот на американската Федерална администррација за воздухопловство, се случиле на околу 11.000 метри, на околу 950 километри од Хонолулу.

Во авионот имало 269 патници.

Нови вести

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право во потрагата по нафта и гас

Filip

Истражување: Климатските промени ги изложуваат идните генерации на доживотни здравствени проблеми

Filip

На 9 декември средба на Макрон, Путин, Зеленски и Меркел

Filip