October 22, 2021 07:12
Свет

Авиокомпанијата Иберија планира привремено да отпушти третина од своите работници

Шпанската авиокомпанија „Иберија” најави привремено отпуштање на 4.000 до 5.000 работници од вкупно 15.200 вработени поради промени во организацијата на компанијата и намалена побарувачка за летови поради рестриктивните мерки предизвикани од коронавирусот.

Шпанската авиокомпанија издаде соопштение во кое се наведува дека изразила желба до синдикатите да се отворат преговори во врска со привременото отпуштање на речиси една третина од работниците.

Тоа го стори откако владата и синдикатите не успеаја да се договорат за продолжување на вонредните државни мерки воведени во март 2020 година поради коронавирусот.

Шпанските компании можат привремено да ги откажат договорите на работниците за време на пандемија. Работниците за време на тој привремен отказ (ЕРТЕ) добиваат 70 проценти од својата плата во првите шест месеци, а потоа добиваат 50 проценти благодарение на владината поддршка.

Мерката истекува за девет дена, на 30 септември, а синдикатите се обидуваат да ја продолжат до 31 јануари.

Watch Saint Seiya: The Lost Canvas 2 (Dub) Episode 13

Watch Wu Shang Shen Di Episode 64

Watch Sonic X (Dub) Episode 78

Watch Ikki Tousen Episode 13

Chicucdskhhgd soytedienbien: http://chicucdskhhgd.soytedienbien.gov.vn/portal/Lists/Faq/DispForm.aspx?ID=372

Vietnamta: https://www.vietnamta.vn/profile-78446