June 28, 2022 08:51
Свет

Авганистан регистрира пораст на случаи на убиства и самоубиства на жени

Авганистан во изминатите неколку дена регистрира пораст на убиствата за чест на жени и женски самоубиства, јави ДПА.

Во изминатите три дена локалните власти потврдија дека четири жени се убиени, а две се самоубиле.

Инцидентите се случиле во провинциите Фаријаб, Газни, Саманган и Бамјан.

Шемсулах Мохамади, шеф на Одделот за информации и култура на Талибанците во Фаријаб, изјави за ДПА дека маж ја застрелал својата снаа поради наводно „незаконски односи”, а потоа побегнал.

Млада жена извршила самоубиство во истата провинција од непознати причини, додаде тој.

Во провинцијата Газни, маж застрелал мајка и ја ранил ќерката на жртвата откако слушнал дека девојчето е свршено со некој друг.

Во одделен инцидент во Газни, млада жена била убиена од нејзиниот брат и братучед, откако била обвинета за сексуални односи вон брак. Убиено е и нејзиното момче.

Портпаролот на провинциската полиција Сајед Исак Салех ги потврди двете убиства, додавајќи дека виновниците вклучени во вториот случај се приведени.

Авганистанските медиуми јавија и дека една жена починала во болница откако нејзиниот сопруг и ја скршил главата со камен во провинцијата Саманган.

Уште една млада жена извршила самоубиство во областа Варас во Бамјан.

GO88 - Cổng Game Đổi Thưởng 2022 | Link Tải Mới Nhất kéo tài xỉu go88 đổi mật khẩu go88

tool tài xỉu sunwin cho android sunwin bảo trì nhà cái sunwin trung quốc