February 3, 2023 12:09
Македонија

Аваја донира амбулантно возило

Оваа донација е дел од низа на иницијативи во здравството, првата иницијатива беше поддршка за отворање на гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари со поддршка дадена за ангажирање на медицинска сестра во амбулантата за период од 6 месеци, која се реализираше во текот на месец октомври.

Втората иницијатива, е оваа донација на амбулантно возило која се донира на Поликлиника Чаир за потребите на граѓаните Роми од Шуто Оризари, Чаир и Бутел, како и на сите граѓани кои живеат во овие населби. Во рамки на оваа донација е и донацијата – поддршка за ангажирање на две медицински сестри Ромки кои ќе бидат ангажирани во некои од одделенијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Скопје. Оваа донација е иницирана во 2021 година со потпишувањето на трипартитниот меморандум помеѓу Владата, Поликлиника Чаир и Аваја.

Според Елвис Шаќири, вработувањето на двете медицински сестри се очекува да биде реализирано во јануари 2023 година, а со тоа ќе биде заокружена целата поддршка што Аваја ја дава за подобрување на здравството и пристапот кон здравствени услуги на Ромите од Шуто Оризари. Со потпишувањето на меморандумот и договорот за донација Владата и Поликлиниката Чаир се обврзуваат после 2 години да ги превземат медицинските сестри во редовниот систем на вработувања.