Спорт

Абрамович ќе го засилува Челзи со двајца врвни играчи

Сопственикот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович е подготвен да инвестира во клубот ова лето со цел сосздавање конкуренетен тим за висок пласман.

Според „Атлетик”, лондонскиот клуб има намера да ангажира двајца играчи на највисоко ниво.

Тренерот на „сините” од Лондон, Френк Лампард сака да ја засили левата крилна позиција. Приоритетна опција е Бен Чилвел.