September 23, 2019 15:24
Хроника

Абдулкерим и Менсур се загинатите браќа во Чаир

Најблиските и пријателите почнаа да се простуваат со браќата Абдулкерим и Менсур Мустафа од Патишка Река кои загинаа денеска во Чаир додека вршеле ископ за водовод.Тие заедно со својт зет и нивниот татко багерист вршеле ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација.

Копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале браќата и зетот, се срушил дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место.

Нови вести

Пежо прегази пешак во Гостивар

Valentina

За време на викендот подигнати со пајак 152 возила

Valentina

Еден загинат во сообраќајка викендов во Скопје

Igor