Балкан

Абазовиќ сака малцинска влада во Црна Гора, Кривокапиќ предвремени избори

Подгоричкиот весник „ Побједа“ пишува дека до крајот на денешниот работен ден во собраниска процедура треба да биде испратена нова иницијатива за смена на Владата на Црна Гора.

Весникот тврди дека извори блиски до парламентарните партии потврдиле дека веќе се договорени 44 пратенички потписи, кои ја поддржуваат ваквата иницијатива, иако можно е документот што треба да се достави до Собранието да има само 27 потписи, што е доволно за да се закаже седница на црногорскиот Парламент.

Црногорскиот вицепремиер и лидер на  граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ предложи малцинска влада без Демократската партија на социјалистите (ДПС), предводена од претседателот Мило Ѓукановиќ, и просрпскиот Демократски фронт (ДФ).

„Побједа“ наведува дека, покрај опозициските, предлогот го потпишале и пратениците на коалицијата „Црно-бело“, додека пратениците на СНП, според весникот, нема да ја потпишат иницијативата, но се остава можност да гласаат против доверба.

Предлогот за формирање малцинска влада, претставен од коалицијата „Црно-бело“ вчера го поддржаа Бошњачката партија, Албанската листа и Албанската коалиција „Едногласно“. Демократскиот фронт и Демократите, од друга страна, одбија да учествуваат во неа веднаш по претставувањето на моделот на малцинската влада. ДПС вчера најави дека ќе поддржи секоја иницијатива што ќе доведе до промена на актуелната власт.

Актуелната влада се соочува со проблеми бидејќи го загуби парламентарното мнозинство бидејќи ДФ сака министри во владата, а премиерот Здравко Кривокапиќ и другите партнери се против.

Формирањето малцинска влада како излез од политичката криза започна во декември кога УРА потпиша меморандум за соработка со албанските и бошњачките партии.

Премиерот Кривокапиќ остро се спротивстави на најавата за формирање малцинска влада и проектот го нарече измама. Кривокапиќ оцени дека ваквата влада треба да ја поддржат корумпираните политичари на претходната власт од Демократската партија на социјалистите, која сега е во опозиција.

-Има само две решенија за излез од турбулентната ситуација. Едната е промоција на актуелната власт. А најфер начин се предвремени парламентарни избори кои би се одржале во мај заедно со локалните-, рече Кривокапиќ по повод најавата на вицепремиерот Абазовиќ за формирање нова, малцинска влада и гласањето недоверба на постојната.

Црногорските лидери треба да одлучат дали ќе има малцински влади, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар, во интервју за Гласот на Америка.

„Вашингтон јасно стави до знаење што очекува, надевајќи се дека Црна Гора ќе остане западно ориентирана земја, цврста членка на НАТО и дека ќе продолжи да напредува на патот кон членство во ЕУ“, рече тој, истакнувајќи дека ДФ не ги споделува ги тие вредности.

4 anime biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 10

free anime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

My Hero Academia Season 5 (Dub)

anime website World's End Harem

My Hero Academia Season 3 Episode 22

tải go88