June 28, 2022 01:10
Балкан

Абазовиќ: Западен Балкан може да стане нова Украина доколку остане надвор од ЕУ

Пред европарламентарците се обрати премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

„Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупка во Европа. Ако останеме надвор од Европа, треба да знаете дека не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина“, рече Абазовиќ.

Абазовиќ рече дека Европа е во нова фаза поради руската агресија врз Украина и дека одлуките треба да се носат побргу и попаметно.

„Мислам дека ова се историски моменти не само за Црна Гора туку и за цела Европа. По 24 февруари, почетокот на руската инвазија на Украина, светот е поинаков и повеќе од кога било луѓето во Црна Гора, регионот и Европа разбираат дека треба да бидеме заедно и да дадеме сѐ од себе за да го завршиме нашиот дел од работата, а од друга страна, европските институции го признаваат тоа“, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека црногорската влада е 100 % проевропска, а Црна Гора 100 % ја следи политиката на ЕУ.

„Сѐ што се носи како одлука во ЕУ, Црна Гора следи, така ќе биде и во иднина. Сакаме да ги споделиме вредностите на Западот, тоа е одлуката на црногорскиот народ“, истакна Абазовиќ, пренесуваат медиумите.

Game bài thiên đường - Tải Go88 Club nhận code 200k cách nạp tiền go88 go88 math

sunwing flight check i