February 2, 2023 02:24
Македонија

АА: Состојбата со снабдувањето со електрична енергија во земјава е повеќе од критична и алармантна

Од податоците објавени и обработени од секторот за економија при Алијанса за Албанците, само за месец ноември 2022 година, во отсуство на производство од енергетски капацитети во земјава, преку јавни набавки увезени се 87.000 KWh електрична енергија од добавувачи кои работат во пазарот на енергетиката, сума за која од државниот буџет се издвоени над 20 милиони евра. Прогнозите се лоши, бидејќи и во текот на месец декември годинава, во недостиг на производство од енергетските капацитети во земјава, ќе треба да ја обезбедиме потребната количина на снабдување со електрична енергија од увоз, каде што се проценуваат проекциите на прогнозите дека ќе треба да се издвојат од државниот буџет над 30 милиони евра, бидејќи цените на енергетските берзи во Европа деновиве бележат нагорен тренд, каде што 1 KWh се тргува за околу 400 евра.
Ви претставуваме само еден податок – илустрација:
Во текот на вчерашниот ден, 29.11.2022 година, на земјата и беа потребни 17.216 KWh електрична енергија, коишто потреби беа обезбедени во износ од 12.636 KWh (или 73,4%) од производството на капацитети на земјата (термоцентрали, хидроцентрали и постројки на ветерна енергија) и 4.580  KWh (или 26,60%) од увоз преку јавни набавки.
Доколку капацитетите за производство на енергија во земјава работат со полн капацитет, само од термоцентралите, без да се бројат хидроцентралите и ветерните централи, можат да произведат над 19.000 KWh дневно.
Иако во многу јавни настапи, владините експоненти и лидерите на енергетските постројки во земјава изјавија дека се преземени сите мерки и дека е договорена суровина потребна за целосно пуштање во употреба на енергетскиот комбинат „Битола” и „Осломеј”, фактите и доказите зборуваат поинаку, бидејќи од трите производни блока во РЕК „Битола” во најголем број случаи работат два блока, додека РЕК „Осломеј” најчесто е надвор од функција поради поправка или избегнување на дефекти, а како резултат на неисправноста и недостигот на локално производство, количината потребна за снабдување со електрична енергија се принудени да се обезбедува од увоз.
Се шпекулираше дека по потреба може да се пушти во производство и термоелектраната „Неготино” којашто има производствен капацитет од 195 KWh дневно, но министерот за економија и раководителите на секторите за енергетика во земјава, со намера за да се сокрие реалноста дека оваа енергетска централа не е во функција, се изјаснија дека е поисплатливо да се увезува струја отколку да се обезбедува мазут и да се пушти во функција оваа електрана. Тоа се бескорисни и неосновани изјави, бидејќи знаејќи ги моменталните цени на мазутот на европските берзи, констатираме дека доколку оваа термоцентрала се пушти во употреба, тие би обезбедиле струја вредна 35% поевтина во однос на струјата обезбедена со увоз.
Значи, тотален неуспех!