Македонија

АА и Алтернатива: ДУИ беше таму цело време за да им овозможи издавање пасоши на криминалците додека Албанците ги остави без државјанство

Интегрален текст oд прес конференија на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

Реформската влада на СДСМ-ДУИ поддржана и од Мицковски, јасно се гледа како се бори со девијантните појави во нашата земја, со оглед на нефункционирањето на нормалниот ланец за борба против криминалот и корупцијата.  Значи, наместо обвинителството и судството да бидат правни и нормални и полицијата да ги истражува случаите и да достави до обвинителството доволно факти за апсење на одредени групи коишто се вклучени во трговија со наркотични средства, убиства, криминал и корупција, кај нас се случува спротивното. 

Јасно се гледа дека во нашето судство имаме судии и обвинители коишто се во служба на бандите, чии што пари пристигнале до џебовите на судиите и обвинителите. Истовремено, во одредени полициски структури имаме лица коишто за големи суми на пари го штитат криминалот, корупцијата и трговијата со наркотични средства, бидејќи ги имаат своите интереси и ги оправдуваат “платите” што ги добиваат од лицата вклучени во криминални дејствија. 

 Алијанса за Албанците и Алтернатива апелираат до меѓународниот фактор, ЕУ, НАТО и САД, да извршат притисок врз владините структури, борбата против криминалот и корупцијата и недозволената трговија со наркотични средства да започне од главните во полицијата, обвинителството и судството, бидејќи поддршката и заштитата на бандите доаѓа токму од одредени лица од сегашната влада. Значи, главните во Министерство за внатрешни работи (МВР) се самите инволвирани во криминал и корупција, затоа не може државата- членка на НАТО да се исчисти себе си од овие групации што оперираат во нашето општество и преземаат активности со што ја загрозуваат безбедноста на невини граѓани на нашата земја.

Ова што ние го изјавуваме јасно се докажува и со фактот што еден дел од самата полиција се инволвирани во фалсификување и снабдување со државјанства  и пасоши на странски лица за кои има меѓународна потерница и се осомничени за сериозни криминални дела од страна на нивните држави. МВР полесно ги снабдува криминалците со пасоши, бидејќи тие плаќаат со огромни суми на пари, отколку своите граѓани коишто ги исполнуваат критериумите за добивање на државјанство.

 За Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е помалку важно ако пасошите се издадени во времето на СДСМ како што вели Мицковски, или во времето на ВМРО како што вели Заев, но, една работа е сигурна дека ДУИ беше таму цело време за да им овозможи издавање пасоши на криминалците додека Албанците ги остави без државјанство.

AnimeFreak watch anime: So I'm a Spider, So What? Episode 13

AnimeHeaven weathering with you animeheaven: Watch Horimiya Episode 3 (https://animeheaven.pro/m/NpLM/ep-3)