July 26, 2021 03:11
Македонија

АА и Алтернатива: Владата СДСМ-ДУИ е најголем загадувач, “еколошкиот данок” ги ограбува граѓаните

Интегрален текст од пресконференција на Коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива

Во време на криза кога граѓаните сè уште ги чувствуваат тешките последици на пандемијата, Владата одлучи да им ја отежни уште повеќе економската состојба воведувајќи таканаречен еколошки данок. Одлуката за поскапување на нафтените деривати за 3.5% денари по литар е само уште една злоупотреба на екологијата со цел на прикривање на неспособностите на сегашната Влада во менаџирањето на буџетот и последиците на кризата, сето ова на штета на граѓаните и стопанствениците.

Од оваа одлука најмногу ќе имаат последици транспортерите/превозниците. Изјавата на Премиерот Зоран Заев дека овој данок има за цел да поттикне употреба на тротинети и други еколошки средства е смешна. Што треба да прават превозниците според шефот на Владата и Министерот за Финансии Фатмир Бесими? Да ја превезуваат стоката со електрични тротинети, или да инвестираат милиони евра за купување на електрични камиони/шлепери?

Владата нема одговорено на тоа како ќе се трошат околу 100 милиони евра што ќе се соберат од граѓаните преку еколошкиот данок, во кои еколошки проекти ќе се применат? Или, можеби и овие пари ќе завршат како што завршија големите суми од многуте коруптивни и криминални афери? Екологијата не може да се заштити поставувајќи даноци за граѓаните и стопанствениците, а од друга страна импортирајќи мазут штетен по животот на самите граѓани. Алијанса за Албанците проценува дека животната средина не се загадува од граѓаните, туку најголемиот загадувач и уништувач е Владата СДСМ-ДУИ и нивните сомнителни бизниси.

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch .hack//roots Episode 26

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch Moom Episode Full

https://aniwatch.pro anime sites. Watch Yotsuiro Biyori Episode 12

KissAnime Band: https://band.us/band/84366909