August 10, 2022 22:04
Спорт

Штипскиот алпинист Зоран Николов го искачи Памир

Штипјанецот Зоран Николов е еден од малкумината кои успеале да се искачат над 6.000 метри надморска височина, на планината Памир.  Тој  е на 12 дневна експедиција на планината Памир, планински венец во средна Азија, од каде вели дека   навистина е потребно голем труд за да се искачи врв на таа надморска височина.

Алпинистот Николов има искачено неколку врвови над 4.000, 5.000 и 6.000 метри надморска височина. Сега се наоѓа во камп од каде вели  дека е оптимист и се надева на успешно завршување на планинарската тура. За три до четири дена доколку работите се одвиваат според планираното би требало да се врати назад во државата.  Памир е планински венец во средна Азија и се вбројува во една од највисоките планини во светот, позната како „Покривот на светот”. Ова е планина која во текот на целата година е покриена со снег.