August 14, 2022 21:06
Магазин

Шпански колбас прикажан како нова ѕвезда снимена со телескопот Џејмс Веб

Француски научник упати јавно извинување откако твитна фотографија од парче колбас чоризо, тврдејќи дека се работи за далечна ѕвезда снимена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Етјен Клајн, прославениот физичар и директор на француската Комисија за алтернативна и атомска енергија, сподели фотографија од зачинетиот шпански колбас на Твитер, истакнувајќи ја количината на детали што ги нуди фотографијата.

“Фотографијата на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет”, физичарот им порача на своите следбеници на Твитер.

Илјадници корисници го споделија овој твит и ја коментираа објавата, земајќи го за збор истакнатиот научник. Подоцна тој призна дека фотографијата всушност била крупен кадар на парче колбас chorizo ​​на црна позадина.

„ Па, кога е час за коктел, когнитивната пристрасност има многу за уживање… Бидете свесни за тоа. Според модерната космологија, ниту еден предмет поврзан со шпанскиот деликатес не постои никаде на друго место освен на Земјата“, напиша Клајн.

Откако се соочи со реакции од заедницата на Твитер, тој мораше да објасни дека тоа е шега.

„ Да научиме да бидеме внимателни со аргументите кои доаѓаат од позиција на моќ, како и со спонтаната елоквентност на одредени слики“, рече Клајн. На почетокот на август уште еднаш и се извини на јавноста, изјавувајќи дека намерата му била да го привлече вниманието на сликите кои како да „зборуваат сами“, а вистината е дека всушност е далеку од тоа!

Телескопот Џејмс Веб е најмоќниот телескоп кој некогаш бил испратен во вселената. Официјално започна со работа на 12 јули, а на нашата планета испраќа слики со огромна резолуција од SSD.