August 15, 2022 20:34
Спорт

Шкупи „плаче“ дека во Ирска домаќините ги приземјиле на 300 километри од Даблин !

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи синоќа со чартер лет тргна од Скопје кон Ирска, каде требаше да слета во Даблин за да го игра вечерва (21 ч.) првиот меч од квалификациската рунда во Лига Европа, со домашниот Шамрок. Но, наместо во Даблин авионот беше пренасочен и слетал 300 километри одалеченост од главниот град на Ирска.

Македонскиот шампион за да стигне до Даблин со автобус се возел уште повеќе од три часа, а денеска со соопштение извести за проблемите.

Срам! Нашиот тим на срамен и измамнички начин беше попречен во нормално функционирање. И покрај нашиот буџет се обидовме да обезбедиме удобен чартер лет за нашите фудбалери и да платиме илијадници евра за да се увериме дека нашите фудбалери ќе стигнат здрави, но ирската влада не ја послуша УЕФА и покрај нивната интервенција, нè приземји 300 километри од Даблин и на нашиот тим му приреди незаслужен третман на ова патување. Исто и по натпреварот треба да поминеме 300 километри назад пред да може да летнеме“, велат од Шкупи во соопштението кое беше напишано само на албански јазик.

„За жал тоа не му е направено на ниту еден друг тим освен на нас од Македонија. Бараме од министерството за надворешни работи на Македонија барем вечерва да организира враќање од Даблин“.

„Дополнително, сакаме да им порачаме на Ирците дека треба да знаат дека имаме тим со силен карактер. Наградата да се биде тим е да одговориш тимски на злото што ти е направено на ист начин, па денес нашиот тим ќе покаже за каков карактер се работи. Како лавови на теренот, ќе покажат дека нема да потпаднат на такви финти, за евтини финти не треба да има место во фудбалот. Не треба да останат неказнети, бидејќи сигурно нема да се однесуваа вака со Шпанци, Италијанци, Германци или Аннгличани. Се надеваме дека нашата влада ќе одговори на оваа ситуација“.