August 19, 2022 12:40
Балкан

Шефот на грчкото разузнавање поднесе оставка поради скандал со прислушување

Панајотис Контолеон поднесе оставка „по неправилности што беа откриени при инаку законските процедури за прислушување“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот на Грција

Контолеон засега не соопшти ништо за оваа информација.

Претходно оваа недела, двајца неименувани грчки пратеници изјавија за „Ројтерс“ дека Контолеон на парламентарната Комисија на 29 јули признал дека неговата служба го шпионирала Танасис Кукакис, известувач на „CNN“ Грција кој ги следи финансиските активности.

Тој состанок на собраниската Комисија се одржа зад затворени врати откако лидерот на опозициската социјалистичка партија ПАСОК поднесе тужба до Врховниот суд поради обидот за прислушување на неговиот мобилен телефон.