August 19, 2022 12:39
Спорт

Шампионски старт на сезоната за Баерн среде Франкфурт

Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен имаше убедлив старт во новата сезоната, декласирајќи го како гостин победникот во последното издание од Лига Европа, Ајнтрахт во Франкфурт (1:6).

Играчите на тренерот Јулијан Нагелсман водеа со 2:0 веќе по само 11 минути игра со погодоците на Џошуа Кимих и Бенџамин Павар, а до полувремето мрежата на Кевин Трап ја наполнија Садио Мане, Џамал ​​Мусијала и Серж Гнабри, додека во вториот дел Мусијала постигна уште еден гол, а Коло Муани беше стрелец на почесниот гол з домаќинот.

Актуелниот шампион на Германија покажа зошто и оваа сезона е прв фаворит за титулата во првенството на Германија.