October 6, 2022 12:48
Спорт

Чурлинов ги мина прегледите и потпиша со Барнли

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги мина лекарските прегледи и го потпиша четиригодишниот договор со англиски Барнли, па трансферот од Штутгарт е комплетиран и сега се чека само на официјалната промоција на офанзивното крило на „Турф Мор“.

Флоријан Плетенберг, германскиот новинар од „Скај Спорт Германија“, кој пред една недела објави дека е завршена работа трансферот на Македонецот во Барнли, предмалку објави дека Чурлинов ги поминал лекарските прегледи и ставил потпис на договорот до јуни 2026 година.

Штутгарт треба да добие 3,5 милиони евра вреднаш и уште 1,5 милиони евра во бонуси. Чурлинов кој играше за Келн, Штутгарт и Шалке 04 во Германија, сега се сели во англискиот Чемпионшип, а беше голема желба на тренерот Венсан Компани, легендарниот белгиски стопер, кој неодамна изјави дека ептен го сака Македонецот во својот тим.