December 10, 2022 06:43
Македонија

Четири златни, две сребрени и три бронзени медали за ПСУ „Јахја Кемал” на меѓународен натпревар во Лондон

Четири златни, две сребрени и три бронзени медали освоија учениците од ПСУ „Јахја Кемал” на меѓународниот натпревар „TEENEAGLE INTERNATIONAL ENGLISH COMPETITION” во Велика Британија, кој се одржа од 31 јули до 7 август во Лондон.

На натпреварот учество зеле над 400 ученици од 27 земји.

–Глобалната финална фаза беше за најдобрите од најдобрите. Учесниците поминаа осум дена во Лондон, Велика Британија и се натпреваруваа во областите „квиз за знаење”, „предизвик за пишување”, „правопис”, „убедливо зборување”, „талент шоу” и „краток филм”. Помеѓу натпреварите, сите учесници посетуваат ексклузивни часови за комуникација по англиски јазик, известуваат од ПСУ „Јахја Кемал “.

Од училиштето истакнуваат дека учениците на меѓународната сцена го развиориле знамето на Република Северна Македонија и гордо ја претставиле нашата држава.