October 5, 2022 14:30
Хроника

Четворица повредени во вчерашната сообраќајка на Рузвелтова

Четворица се повредени во вчерашната сообраќајка на Рузвелтова, за која објави 24 Инфо.

-На 01.08.2022 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов и ул. Франклин Рузвелт се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.Б.(52) од Скопје и автомобил „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(52) од Скопје.
По несреќата возачот Г.Н. и неговата сопатничка С.Е.(49) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде им биле констатирани телесни повреди, а во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” на возачот Е.К.Б. му биле констатирани телесни повреди, а на неговата сопатничка Д.К.(79) од Скопје и биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.