September 28, 2022 15:06
Спорт

Челзи му дозволи на Алонсо да се пресели во Барселона

Во наредните 48 часа треба да биде комплетиран трансферот на Маркос Алонсо на „Ноу Камп“. Преговорите меѓу Барселона и Челзи, околу трансферот на 31 годишниот лев бек се во завршна фаза. Мали детали го делат Алонсо од пописот на договорот со Барселона.

Барселона за Алонсо на Челзи ќе му плати 10.000.000 евра. Алонсо во Барселона ќе му биде замена на Жорди Алба. Челзи реши да му дозволи на искусниот фудбалер да го напушти клубот откако го реализираше рекордниот трансфер на Марк Кукуреља од Брајтон.

Маркос Алонсо за Челзи од 2016 година, настапи на 154 натпревари, на кои постигна 25 гола.