December 9, 2022 22:50
Свет

Цаи: Кинеските воени вежби се неодговорни

Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен синоќа изјави дека кинеските воени вежби се „неодговорни не само кон Тајван, туку и кон меѓународната заедница”.

Таа во видеообраќање истакна дека Тајван нема дополнително да ги ескалира тензиите со Кина, но нагласи дека ќе го брани својот суверенитет.

Министерството за одбрана на Тајван вчера соопшти дека Кина денеска лансирала 11 балистички ракети „Донгфенг” во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на островот.

Додека тајванското Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека Кина ја загрозува безбедноста на Тајван и ги повика земјите да го поддржат Островот „заедно да ги бранат слободата и демократијата”.