October 5, 2022 14:41
Економија Свет

Украина го затворила вентилот за транспорт на руската нафта кон земји од ЕУ

Украина  го затворила вентилот за транзит на руската нафта кон Европа, соопшти РТ. Ова значи дека Укараина го запрела дотурот на руската нафта во Унгарија, Чешка и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, пренсуваат руските медиуми.

Украинската државна компанија Укртранснафта го прекинала транзитирањето на сировата нафта во јужниот крак од нафтоводот „Дружба“, додека северниот крај од истиот цевовод кој минува низ Белорусија во правецот кон Гермнаија и Полска се одвива непречено, потврдил Игор Демин, претседател на Трансњефта.

Демин појаснил дека Русија не може да плаќа транзитирање на енергенсите поради санкциите од ЕУ, а укјраинската компанија инсистирала плаќањето да се реализира однапред целосно за услугите на транспортот на нафтата.

.