December 6, 2022 02:15
Балкан

Убиецот од Цетиње си ги и убил сопругата и трите деца

Во престрелката што се случи денеска околу 16 часот во населбата Медовина во Цетиње, во близина на зградата на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени.

Според информациите на Курир, оваа страшна трагедија се случила поради нерасчистени долгови.

Вучко Бориловиќ (34), наводно убил цело семејство, сопругата и трите мали деца, а потоа излегол на улица и пукал во минувачите.

-Сè уште сме во шок, не ми се верува што направи. Слушнав дека долг е причина за овој грозоморен масакр. Не бил во добри односи со соседите, ги убил, но зошто и неговата невина сопруга и децата – изјави за Курир видно потресен роднина на убиецот.

Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње, каде што завршил основно училиште. Посетувал средно училиште за бродска механика во Белград.