August 15, 2022 20:22
Хроника

Тројца полицајци во Чаир зеле 2.000 денари мито за да не напишат казна

На 02.08.2022 во 18.12 часот во Полициската станица Чаир, Б.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 14.45 часот на ул.„Македонскo-косовска бригада” со неговото возило „опел зафира”, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

Според пријавеното, тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат.

Како што е пријавено, тој им дал 2000 денари, по што ги пуштиле да си заминат.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени. За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.