December 10, 2022 00:16
Македонија

Трипуновски: Непрофесионализмот на надлежните е причина за неконтролирано ширење на африканската чума

Болеста Африканска чума кај свињите излегува од контрола и галопира кон внатрешноста на Република Македонија загрозувајќи го опстанокот на најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството. Последниот потврден случај на болеста во Општина Виница го извади на површина капацитетот на раководството на Агенцијата за храна и ветеринарство и власта.

Непрофесионализмот, импровизацијата и стихијноста се главните карактеристики на раководењето на најодговорната институција која треба да се грижи непосредно за здравјето на животните, а со тоа и јавното здравје на нацијата.

Дополнително, дека се соочуваме со импровизација, укажува и фактот дека Николче Бабовски веќе втора година по ред е вршител на должноста, В.Д. директор, спротивно на законот. Болеста е присутна во регинот од 2018 година, надлежните ја имаа таа информација, но ноншалантниот однос и неспособноста е начин на работа на одговорните во оваа институција.

Токму затоа апелираме бидејќи ситуацијата станува драматична, а очигледно е дека раководството на АХВ, Љупчо -Путерот и власта не знаат да се снајдат во оваа ситуација бидејќи се крајно неспособни, да ја прифатат помошта која им ја нудиме како одговорна партија во целост ги ставаме нашите капацитети на локално и централно ниво во ограничување на болеста Африканска чума кај свињите и намалување на директните и индиректните штети кои неминовно следат.

Не е време за политика, не е време за власта и Љупчо Путерот да користат одмори, загрозени се стотици милиони инвестиции во свињарскиот сектор, одважете се и прифатете ја помошта, под ризик се свињарскиот сектор и егзистенција на многу семејства.