December 10, 2022 06:54
Македонија

Трипуновски: Неотповикливи оставки од Бабовски и Николовски заради катастрофалната ситуација со ширењето на свинската чума

Состојбата со ширењето на африканската свинска чума е катастрофална, свињарскиот сектор е загрозен, а под знак прашалник е безбедноста на храната на граѓаните, а директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и министерот Љупчо збор не изустиле кои мерки ќе ги преземаат и како ќе се справат со настанатата ситуацијата. Затоа барам неотповиклива оставка ВЕДНАШ! Прво оставка од Бабовски и Николовски, а потоа одговорност!
Доста е од негрижа. Доста е од неспособност и неодговорност.Време е за промени!