October 6, 2022 12:05
Свет

Тримесечно бебе почина во Вашингтон откако родителите го оставиле во автомобил

Тримесечно бебе почина во Вашингтон откако неколку часа го оставиле во жежок автомобил, соопшти американската полиција. Трагедијата се случила во вторникот вечерта на Парк Роуд. Полицијата примила повик по 18 часот и го пронашла бебето во несвест, според полицискиот оддел на Вашингтон Метрополитен.

Детето, идентификувано како Арон Бојд Џуниор, итно било пренесено во болница каде што била констатирана смрт, јавува NBC.

Според полицијата, таткото на детето рекол дека бебето било во автомобилот околу два часа.

Истрагата е во тек, а обдукцијата ќе ги утврди причините и начинот на смртта на Арон.

Инаку, во вторникот во Вашингтон беа измерени 40 степени Целзиусови.