October 1, 2022 20:51
Балкан

Триднева жалост по трагедијата во Цетиње

Владата на Црна Гора вечерва прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во Цетиње.

Оваа информација ја објави премиерот Дритан Абазовиќ на својот Телеграм канал. Во населбата Медовина во Цетиње, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија од Управата на полицијата на Црна Гора.