October 1, 2022 19:19
Македонија

Тренчевска: Со СДСМ до рекордно зголемување на пензиите и поголеми бенефиции на лицата со попреченост

СДСМ се грижи за сите ранливи категарии, а особено за пензионерите, кои добиваат рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, истакна на средба со тетовските пензионери претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, на која присуствуваше заедно со претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Елена Устамитова.
Тренчевска нагласи дека со новата методологија, пензионерите со просечна пензија која во јуни  месец изнесува  16.348 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат дополнително околу 8% до 10% плус на својата сметка.
Покрај воведувањето на новата методологија за усогласување на пензиите, заради економската криза која е предизвикана од КОВИД- пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија, Владата на РСМ усвои и пакет интервентна финансиска помош за пензионерите по 1000 денари за три месеци и тоа во месеците април, мај и јуни, а со цел подигнување на стандардот на корисниците на пензија и ублажување на последиците од ценовниот шок, порача Тренчевска.
Таа нагласи дека со усогласувањето на пезниите и директната финансиска помош, во 2022 година, за 12 месеци, во просек пензионерите ќе имаат вкупно годишно околу 12.000 денари повеќе во семејниот буџет во однос на 2021 година.
Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска во Тетово, оствари средба со претставници на здруженија на лица со попреченост, пред кои ги презентираше новите права и услуги за 2022 година коишто се договорени со другите министерства и фондови и со неколку здруженија на граѓани.
Новите права предвдуваат ослободувањето од здравствената партиципација за лицата со попреченост над 26 години во вкупна висина од 16.000.000 денари, измена на правилникот за утврдувањето на список на поправки на ортопедските помагала за покривање на трошоците за сервис и поправка на говорниот процесор, намалување на времето за доделување на ортопедски помагала – чевли од 9 на 6 месеци, промена на критериумите за користење на личната асистенција, која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа, проверка на усогласувањето на  висината на правата со трошоците за живот, наведе Тренчевска.
Таа нагласи дека од големо значење е измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година.
Преку Центрите за социјална работа се платени цената за час индивидуален и цената за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.
Тетово заслужува да биде модерен, европски град со еднакви можности за сите и токму за тоа се залагаат кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата.
СДСМ како централна власт и до неодамна како дел и од локалната власт реализираше бројни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот за граѓаните н Тетово.
Тоа ќе продолжиме да го правиме особено во делот на социјалната заштита, во делот на грижата за ранливите категории, пезниониерите, но и за најмладите.
Затоа, ве повикувам на 20 август својот глас да го дадете за бројот 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, гласајте за европско Тетово, порача  претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, при посетата на Тетово.