October 1, 2022 18:47
Спорт

Тренинг наместо слободен ден по срамниот пораз на Манчестер јунајтед

Холандскиот фудбалски стручњак Ерик тен Хаг ги казни играчите на Манчестер јунајтед со одземање на слободниот ден и одржување н тренинг по вчерашниот срамнен дебакл од Брентфорд со 4:0. Тен Хаг е гневен од прикажаната игра на неговите избраници и вториот пораз на стартот од сезоната во премиерлигашката кон куренција по што „црвените ѓаволи“ се најдоа на дното од табелата.

Дополнителниот тренинг наместо ден за одмор е сосема заслужен по катастрофалниот настап, Тен Хаг веднаш се фати за работа да се обиде да најде решение за кошмарниот старт на сезоната, за што презема најголем дел од вината. Предводникот во меѓувреме настојува дека се потребни засилувања со цел Јунајтед да биде поконкурентен во наредниот период.

Новиот тренер на тим от од „Олд Трафорд“ со двата првенствени порази постави негативен рекорд, првпат по 101 година. Тен Хаг е тренерот на Манчестер јунајтед кој ги загубил првите два натпревари во првенството за првпат од 1921 година.