December 10, 2022 07:48
Македонија Хроника

Торнадо носеше покриви од куќи во Неготино, паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци 

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, по невремето што попладнево го зафати Неготинско и однесе неколку покриви од куќи, а блокиран е и пат помеѓу две села поради паднати дрвја.

-Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и два пати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.

Тој нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.

Невремето од дожд и ветер што попладнево го зафати Неготинско, однесе повеќе покриви од куќи во Неготино, а паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци, потврди за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

-Точно е, според првичните информации, без покрив останаа неколку куќи во населбата Саат кула и неколку во  селото Тимјаник. Неготинските пожарникари и комунални работници, заедно со кавадаречки пожарникари кои ќе дојдат на помош, ќе ги сечат паднатите дрвја на неколку локации во општината, појасни Стојанов.

Тој рече дека заедно со претставници на стручни служби е на терен и се врши увид на местото.

Поврзани вести

Хрватска го исфрли и Бразил во пенал – рулетот

Dragan Nikolovski

Дизелот поевтинува за 5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари

Igor

Во Здравствен дом Вевчани вработувани надрилекари- со лажни или без лиценци од Лекрската комора

Igor