August 19, 2022 12:44
Спорт

„Топчиите“ ја почнаа сезоната со победа кај Кристал палас

Ремонтираниот тим на Арсенал стигна до победа од 2:0 на гостувајнето кај Кристал палас во првиот меч од новата сезона во англиската фудбалска Премиерлига, покажувајќи дека тимот на Микел Артета има амбиции сезонава да се вклучи во трката за врвот.

По првичната иницијатива на гостите, Габриел Мартинели во 20. минута ги донесе Арсенал во водство по асистенција на новото засилување Олександер Зинченко, а Арсенал имаа и одлична шанса преку Мартин Одегард, кој се реши да асистира наместо да шутира на голот.

Палас полека ја вратија рамнотежата во играта, и пропуштија неколку убави шанси. Во 85. минута, Марк Гуехи си постигна автогол и ја запечати судбината на тимот под водство на поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера.