August 15, 2022 20:43
Македонија

Телеграма со сочувство од ВМРО-ДПМНЕ до семејството на Илинка Митре

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за смртта на г-ѓа Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и упатува искрено сочувство до семејството и најблиските.

Илинка Митрева како поранешен пратеник, министер и политички и општествен чинител беше дел од поновата македонска историја. Таа делуваше во времињата кога без разлика на концептуалните и идеолошки разлики се опстојуваше од сите во промоција и заштита на националните и државни интереси на Република Македонија.

Нека почива во мир!