August 12, 2022 02:41
Свет

Тајван ги подигна воените авиони – светот на работ на нова војна

Тајван ги подигна своите борбени авиони како предупредување за 49 кинески авиони што влегоа во неговата зона за воздушна одбрана, соопшти тајванското министерство. Во соопштението на министерството се додава дека кинеските авиони ја преминале линијата на поделба меѓу двете страни во тајванската теснина, пренесува „Ројтерс“.

Министерството за одбрана на Тајван претходно денеска соопшти дека вкупно 68 воени авиони и 13 брода на морнарицата учествуваат во кинеските вежби во тајванската теснина.

Како што се наведува во соопштението на министерството, некои од нив намерно преминале во неофицијалната тампон- зона што ги дели двете страни.

Тајванското министерство истовремено ја осуди Кина велејќи дека кинеските вооружени сили сериозно го прекршиле постигнатото статус кво и го загрозиле водниот и воздушниот простор на Тајван.