October 6, 2022 13:44
Македонија

Таравари во посета на општина Ѓаковица

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари на покана на градоначалникот на општина Ѓаковица Ардијан Ѓини го посети градот Ѓаковица, Република Косово.

На средбата меѓу двајцата градоначалници на Гостивар и Ѓаковица беа дискутирани добрите искуства на економски, образовен и културен план.

Градоначалникот Арбен Таравари го посети и Центарот за семејна медицина во Ѓаковица за да ја види работата на медицинскиот персонал од овој центар.

„Се надевам дека оваа средба ќе послужи и за зближување и меѓусебни посети меѓу граѓаните на Ѓаковица и Гостивар”, изјави градоначалникот Арбен Таравари.