September 26, 2022 18:41
Магазин

Стивен Сигал снима документарен филм за војната во Донбас

Американскиот актер Стивен Сигал снима документарен филм за ситуацијата во Донбас, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин по средбата со Сигал.

„Да, тој снима документарец за војната во Донбас. Денеска разговараше со воените затвореници во притворскиот центар Јеленовка. Некои од затворениците беа убиени неодамна во ракетен истрел од украинска страна“, рече Пушилин на својот канал „Телеграм“. објави ТАС С.

Американскиот актер Стивен Сигал го посети Донбас заедно со Леонид Слуцки, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), кој е директор на меѓународниот комитет на руската Државна дума.