December 9, 2022 23:00
Хроника

Старец на „томос“ загина по судир со „поло“ управувано од тинејџер

На 11.08.2022 во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “поло” со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед “томос апн 6” со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани.

По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кочани за укажување на лекарска помош по што бил препратен во Клиничката болница во Штип каде починал.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.