October 5, 2022 15:04
Балкан

Српската влада ја укина забраната за извоз на зејтин и ја намали акцизата за нафтата

По целосен преглед на состојбата со залихите, како и рекордните површини засадени со сончоглед, Владата на Република Србија во заминување донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло. Дополнително, надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно да преземаат соодветни мерки, јави Танјуг.

Приоритет, како што се вели во информацијата ќе биде прво да се задоволат потребите на домашното население. Претходно српската влада ги укина забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки.

Владата ја донесе и Одлуката за времено намалување на акцизите на одредени нафтени деривати за 10 отсто.