September 28, 2022 15:48
Магазин

Среќен роденден, Роберт Редфорд!

Роберт Редфорд денеска полни 86 години. Холивудската икона помина повеќе од шест децении снимајќи филмови. Многу од нив станаа културни класици.

Актерот и режисер е исто така познат екологист кој почна да се залага за заштита на животната средина долго пред тоа да стане мода.

Во 1985 година, Редфорд го основаше Филмскиот фестивал Санденс – врвна дестинација за новите филмаџии. Фестивалот се одржува во старото одморалиште на Редфорд во Јута, кое оттогаш го продаде под услов купувачите да ги следат неговите упатства за одржливост.

Редфорд е фасцинантен од многу причини и на неговиот 86. роденден медиумите пишуваат дека е прилично неверојатна личност.

За луѓето што ја гледале неговата верзија на „Големиот Гетсби“ или други постари блокбастери, секогаш ќе се сеќаваат на дискретниот шарм, но и на леснотијата со која ги пренесува сториите на ликовите што ги глуми.

Холивудската легенда – актер, режисер и активист – глуми од својата 21. година. Актерската кариера ја почна во 1960 година и подоцна заработи четири номинации за „Оскар“, а престижната награда ја освои за режија за „Обични луѓе“ во 1981 година.

Редфорд доби почесен „Оскар“ во 2002 година.